Сет Роген, пак, често вади остра комедија што наводно не смее да постои.
„Поплаката дека комедијата е потешка од порано не е валидна,“ вели тој. „Можеби претходно беше прелесно. А, зошто да биде? Зошто да не биде тешко? Мене ми се допаѓа што мојата работа е тешка, затоа што се обидувам да правам нешто што бара многу ресурси, време и енергија од луѓе.“
Со неговиот долгогодишен соработник тврдат дека тие ставови се мрзливи и дека човек мора да се адаптира на работите кои се менуваат.
Во моментов се очекува новата серија на Роген - тој е продуцент, ја пишува и режира. Ликот му е Мет Ремик, шеф во некое студио што ќе го унапредат во главен на измисленото Континентал Студиос во момент кога бизнисот е најризичен. Ремик не знае што попрво да направи, се мачи, очаен е да им се допадне на сите, а и да не си ја уништи индустријата во која влегол затоа што сака филмови. Преплашен е, а главен им е таму.