Секојдневности од 2020 што не би ги разбрале во 2019

На некој на Твитер му текнува да праша: Која изјава или прашање што звучи нормално во последниве шест месеци, не би ја разбрал некој во 2019?

Не се малку:

  • Не ме пуштија во банка затоа што не носев маска.
  • Штотуку ја изедов 39-тата векна домашен леб, а 40-тата ја заменив за тоалетна хартија.
  • Мислам дека ми се прават акни од маската.
  • Тргнав до продавница, ама заборавив маска па морав да се враќам до дома.
  • Во колку саат ни е ручекот на Зум?
  • Веројатно ќе почнам петгодишното да си го учам од дома уште од есен, затоа што и онака ме чека тоа догодина.
  • Ме радува што убиствените стршлени не беа полоши.
  • Не заборавајте маски на протест.
  • Многу се радувам што ќе тргнам на работа кога-тогаш!
  • Се частам со средство за дезинфекција со алое вера.
  • Полн резервоар гориво ми трае 11 недели.
  • Еј, морам да одам. Син ми е во забавиште, и има состанок на Зум за пет минути.
  • „Поканети сте да поминете со кола покрај роденденот на ќерка ми. Дојдете, поздравете се и однесете си колаче. Тие што ќе излезат од кола мора да носат маски.“
  • Кесите од маркет се на тераса! Ај некој нека ги среди! Немам време, имам Зум за 5 минути и морам да се исчешлам и да облечам нешто професионално што одговара со тренеркиве.
  • Каква убава Зум-свадба.
  • Стави ги пакетите во гаража, ќе ги избришеме за некој ден.

Да придонесеме:

  • Нема да не пуштат таму, не сме со иста адреса.
  • Ме казнија дека маската ми беше под нос.
  • Сакате инста-кафе?
  • Бевме на дејт, ама цело време на 2 метри оддалеченост.
  • Денес само 130 заразени!

извор

6 јули 2020 - 12:46