Како изгледа свадба на Зум?

На некоја друга страна од светот, имаме пар што постои како директна спротивност на онаа наша сваќа што водеше оро со маска наместо со марамче.

Еве сме ние:

А еве ги Роберт и Ани:

Прво, сочувство до сите парови што мораа да ги одложат долго планираните и посакуваните свадби заради корона. Во ред, свесни сме дека луѓе умираат и дека свадбите не се најважното нешто во животот, ама истовремено сме свесни и дека на луѓето им пречи кога им се менува и ограничува животот. За некого е слободно време, за некого финансии, за некого патување, за некого здравје, за некого свадба. И реално, да не можеш да си ја оствариш свадбата е далеку поприфатлив проблем отколку да не можеш да дишеш.

Сепак, Роберт и Ани не дозволуваат да им се уништи духот - иако планирале свадба со 250 души,  на крај излегува дека мораат на Зум.

Во прв момент мислеле дека ќе се извлечат - властите во Берлин објавуваат дека „не може собири на повеќе од 1000 луѓе“, само што, тој број наскоро се намалува на 50.

Се изнаплакале, го извадиле од систем и си рекле - добро.

Свадбата се случува со нај-најблиските, а оди на лајв стрим до сите што сакаат да бидат „присутни“. 

И среќни се.

25 јуни 2020 - 21:44