Сакајте си ги и фалете си ги мажите

И овде важи редовното: „Не сите мажи“. 

Не дека сме готови со феминизмот и не дека е борбата завршена - светот е сè уште машки, и сè уште треба да се чуваме.

Но, ноември е месец на машкото здравје и за оние мажи што ги имаме во животот, а заслужиле да ги имаме во животот, вреди да се потсетиме дека треба да се ценат.

Растеме и созреваме во свет каде што мажи не смеат да плачат, не смеат да покажат слабост и „нема што да зборат многу“. Ако ги прашаш, не е ни дека им е многу до зборување. Ама ете понекогаш, ќе сакаат да кажат. Ќе им годи комплимент. Ќе им треба разговор и разбирање. Затоа што здравјето е и ментално здравје.

На мажите што сте си ги одбрале во животот, кажете им нешто фино денес. Без разлика кој пол сте.

18 ноември 2024 - 11:17