Режисерот на „Човечка стоногалка“ има нов, погаден филм

И од разбирливи причини, никој не сака да го дистрибуира.

Том Сикс, режисерот на контроверзниот The Human Centipede, има ново, уште погрозно и поконтроверзно дело. Се вика The Onania Club и го завршил во 2020, но содржината е толку екстремна, што се сомнева дека некогаш ќе види бел ден.

Трејлерот привлекол внимание и првите критичари го фалат, но темата е табу - група жени добиваат сексуално задоволство од болката и страдањето на другите. Протагонистката Хана се приклучува на клубот, чии членови се возбудуваат сведочејќи на човечка мизерија, од трагични несреќи, до катастрофи како 9/11.

И покрај тоа што има луѓе што го бараат да се пушти, Сикс сѐ уште се мачи да најде дистрибутер. Немало, вели, „ни визија, ни муда“.

Без разлика што очигледно има публика за филмот, останува ни ваму-ни таму.

Трејлерот тука. Ние нема да го гледаме.

6 февруари 2025 - 00:00