Ја смислил (и реализирал) во (божем) медитеранска вила, комплет со палми, зелени тревници и базен - а да се разбереме - се случуваше додека Париз трпеше снежна бура.
Интересно е како куќата по ниедна цена не се откажува од своите „кокоизми”. Саконцата и сукњите стојат, некаде збогатени со грчки отвори, некаде со заокружени деколтеа, а некаде со крагни кренати со архитектонска прецизност.
Многу од моделите беа, наједноставно кажано - величествени: костум со боја на слонова коска, извезен со мотиви како од порцелан. Цела серија посветена на „малиот црн фустан”, една блуза со 650 мониста и на крај невеста. И тоа каква невеста.
Во костим за капење, цел со светкави камења и капа за пливање, спремна за нуркање во базенот позади (со тоа што не може, затоа што господ знае колку тоа кошта).
И објава, дека Карл Лагерфелд не е присутен заради лошо здравје, па наместо него, се појави неговата десна рака Вирџин Виар да се поклони.
Не е прв пат да направи спектакл од ревија. Поточно нема ревија што не е спектакл: