„Господинот”? Додека да одлучат нашите издавачки куќи во кој правец да идат со насловот, ние да си раскажеме: Ќе биде пак романтично (колку и претходниот дијамант на светската книжевност), ќе има еротика, и ќе има мистериозен господин и овој пат се надеваме уште помистериозна и како за прв пат - посамостална и посилна хероина.
Јакото: Дејството е во Лондон, Корнвол и… Источна Европа! Добро, за да се понадеваме дека е некоја наша треба да има и едно „југо” пред тоа „источна”, ама сепак, те тера да се запрашаш дали тоа странските автори сериозно прошетале навака, па да се толку инспирирани од нашата еротика, или треба некој да им пише и да им каже стварно со каква „еротика” нè камшикуваат секојдневно!
Книгата ќе почне да се продава ширум светот на 16-ти април, и во принт и за електронски читачи, а кај нас, ќе видиме.
Серијалот со „сивото” се продаде во 150 милиони копии, инаку.
Писателката вели:
„Многу се радувам што конечно оваа страствена нова романса ќе излезе во светот. Тоа е Пепелашка на 21-виот век (толку од надежите дека хероината ќе си биде доволна сама на себе). Главните ликови, Максим и Алесиа ме однесоа на фасцинантно патување и се надевам дека и читателите ќе бидат воодушевени од нивната возбудлива и сензуална приказна како што бев јас додека ја пишував, и дека ќе се вљубат во нив како и јас.”
Ликовите се инаку Максим Тревелијан, „привилегиран Англичанец од аристократско потекло” (значи англиски Кристијан Греј) и Алесиа Демаки, „мистериозна, талентирана и убава” девојка што доаѓа во Лондон, притоа со „нешто повеќе од опасно и проблематично минато.”
Кој ли израз ќе го замени „inner goddess”, и уште едно, овој пат озбилно прашање, дали Е.Л. Џејмс воопшто созреала како автор после „50 нијанси…” останува да видиме.
Битно и според насловот знаеме дека е можно да е ова уште една еротска романса каде што ќе се обидуваме да го освајаме мистериозниот, комплициран дечко, иако ни е најавено дека лежи мистерија и во девојчето.
За крај, еве ја Елен Деџенерис како чита извадоци и се обидува да направи звучни ефекти: