Тогаш и коментиравме дека ако некој треба да ја глуми Барби, тогаш Марго Роби е тој некој.
Потоа се објави дека Рајан Гослинг ќе биде Кен, а Гервиг, освен што режира, го пишува и сценариото. Гервиг инаку направи филмови како Ladybird, па веројатно нѐ чека многу феминистички спремен „Барби“ филм. Што, е супер, реално. Најновата вест во животот на Барби е дека најозбилно стигна до вселената.