Со оглед на полниот распоред, Гослинг прво одбил, но бидејќи се одложила пред-продукцијата, му се закачиле и не сакале да прифатат не за одговор. Коцките се поклопиле.
Сега веќе кога веројатно ќе се заврши и тоа, филмот би требало да добие зелено светло и надежи се вложуваат дека ќе може да се сними во 2022. Сценариото е исто така на Гервиг, во соработка со Ноа Баумбах. Марго Роби е продуцент.
Заплетот е во моментов непознат, но ако се земе предвид историјата на Гервиг како режисер, може да се очекува дека нема да биде типична приказна што би се очекувала од Барби.
Што се однесува до Гослинг, Дедлајн смета дека оваа улога му е меѓу попогодените во последно време и фановите се превозбудени што ќе го видат во Кен-издание. Инаку, неодамна заврши со The Gray Man на Нетфликс, каде што се појавува заедно со Крис Еванс, во режија на браќата Русо.
Ние некако мислевме дека Крис Хемсворт ќе биде Кен, или нешто во тој правец, ама добро. Гослинг тешко дека ќе промаши.