Барби продолжува да ја користи својата платформа да ги охрабрува децата низ светот да „посегнуваат по ѕвездите“ - во уникатна соработка со Меѓународната вселенска станица, Барби неодамна летна во вселената, како дел од мисијата Дримстар, која има за цел да охрабри кариери во СТЕМ и да ги потсети децата дека „ако можеш да замислиш, можеш и да бидеш“.
Иако Барби го додаде „космонаут“ на долгиот список на кариери во 1965 - четири години пред да имаме човек на месечината, ова е прв пат во нејзината 63-годишна историја да се лансира во орбитата, на Меѓународната вселенска станица. Две Барби-кукли, чија мисија вклучуваше тура низ станицата, набљудување на модулот и куполата, искусија и нулта-гравитација.
По патувањето, куклите се донирани во Смитсонијан, а подоцна годинава ќе бидат и изложени.
Која е галактичката цел на Барби?
Девојчињата ширум светот да размислат за кариера во наука, технологија, инженеринг и математика. Ова вклучува и професии како роботички инженери, астрофизичари и вселенски научници.
„Многу сме возбудени што можеме да ви ја најавиме првата мисија на Барби во вселената,“ вели извршниот потпретседател и глобален директор на Барби во Мател, Лиса Мекнајт. „Не само што е ова животна авантура, туку децата можат да погледнат во секојдневниот живот на космонаутите со забавна и едукативна тура на МВС преку серијата ‘Можеш да бидеш што сакаш’. Се надеваме дека авантурата на Барби надвор од овој свет ќе помогне да се инспирираат интересите на следната генерација во СТЕМ.“
Ова е продолжување на посветеноста на Барби да ги поттикнува младите девојчиња, што е мисија на серијата „Барби инспирира жени“ - линија кукли во чест на историски и денешни жени за пример.