Новите кукли на Мател се сведоштво за нивната посветеност да ги прикажат жените достојни да се следат како пример пред малите девојчиња.
„Сите кукли доаѓаат со облека и уникатни додатоци, плус едукативен материјал за нивниот придонес кон општеството, за девојчињата да се инспирираат од нивните приказни преку игра,” велат од Мател, забележувајќи и дека новите кукли прават чест на две жени кои влегуваат во историја со „кршење ограничувања и претворање на светот во подобро место за живеење за идни генерации жени.”
После години активизам, Паркс станува популарна откако е уапсена во 1955-та во Монтгомери, Алабама, бидејќи одбива да стане од седиштето во автобус за да седне белец. Ова инспирира бојкот на автобусите што трае повеќе од година и служи како клучен момент во движењата за граѓански права. Името и лицето на Паркс стануваат национален симбол, а децата ширум светот ја учат нејзината приказна како пример за храброст.
Во 1983-та, Рајд се качува на Спејс Шатл Чаленџер и оди на шестдневна вселенска мисија како специјалист - со роботската рака на шатлот испушта комуникациски сателити. На 32-годишна возраст станува првата Американка што два пати патува во вселената, а истовремено е најмлад Американски државјанин на кој ова му успева.
„Целта на Барби отсекогаш била да се инспирира безграничниот потенцијал на секое девојче.”
Брендот препознава и разлики во можностите кај децата врз основа на нивниот пол, а ги препознава и ограничувачките фактори што и оставаат простор на нееднаквоста меѓу половите.
„Барби сака да ги потсети девојчињата ширум светот, а и сите околу нив дека можат да прават што сакаат, со инспирирање промена за надминување на овие граници,” велат од Мател.