Поразително е што постојат вакви видеа и што треба да бидеме спремни и на ситуација каде што ќе ни затребаат. Сепак, има нешто суштински женско во тоа да сакаш оружјето да ти биде слатко и светкаво.
На Јутјуб има цела плејада на клипови „Како да си направиш ладно оружје“ со розевкасти сликички од пердувести материјали. Проблемот е што без разлика што одамна сме 21 век, жените сѐ уште не се доволно добро заштитени и општиот став не е дека на мажите нема што да им паѓа на памет насилство, туку дека жените се тие што треба да внимаваат. Да не забораваме на огавниот свет разоткриен во „Не е разголеното девојче она што го прави светот опасен за живеење“.
Дур е така, еве - мачиња во разни бои, со глитер, со све: