Притисокот да им ставиш име за кралски деца

Кејт Мидлтон го споделува искуството при бирањето имиња за нејзините деца.

Притисок имаат и обичните смртници - треба на детето да му дадеш име за цел живот, а да не зборуваме за идна кралица и мајка на иден крал. Децата на Вилијам, кој е сега прв на ред за тронот и принцезата од Велс - Кејт Мидлтон, се викаат Џорџ, Шарлот и Луис.

Пипл известува дека при тура на една болница, принцезата била многу отворена за нејзиното искуство како мајка и им раскажала како направиле избор со Вилијам за имињата.

Иако притискани, изборот не им паднал тешко, бидејќи Кејт секако била воодушевена од тие имиња.

Џорџ се викал и кралот Џорџ VI и Вилијам и Кејт го сакале тоа име. Сепак, за малку ќе го изберела името Александар, но на семејното куче Лупо му дозволила да избере име од купче со ливчиња, и Лупо го избрал Џорџ. Врхунска идеја.

Името Шарлот е поврзано со кралицата Шарлот, сопруга на Џорџ III, но исто така е и средно име на сестрата на принцезата, Пипа.

Со раѓањето на принцот Луис, му направиле чест на принцот Филип бидејќи неговиот дедо бил Луис Александар од Батенберг.

14 октомври 2022 - 00:01