После месеци шпекулации за потенцијален договор за комбинирање на двете италијански модни куќи, Прада го купи Версаче од модниот конгломерат Капри Холдингс.
Првичниот договор бил за 1,43 милиони евра, но добиле попуст заради лошата состојба на пазарот што особено ѝ наштети на модната индустрија.
Капри инаку ги поседува и Мајкл Корс и Џими Чу, а Версаче го купи за 2,1 милијарда во 2018. Нив пак (Капри) сакале да ги купат од Тапестри - компанија што ги држи Коуч и Кејт Спејд, но ова било блокиранo од американската федерална комисија за трговија.
Извршниот директор на Прада, Патрицио Бертели вели дека групацијата била спремна „да испише нова страница во историјата на Версаче“ со вредностите кои двата бренда ги споделуваат - посветеност на креативност, занаетчиство и наследство.
На Прада не им е прв пат - во 1999 ги купија Џил Сандер и Хелмут Ланг, во 2000 - Алаја. Во 2007 сепак беа принудени да се збогуваат со сите три, па сега со Версаче ќе се обидат да го интензивираат глобалното влијание на модата.
Иако е климав модниот пазар, Прада ужива редок успех - заработката во 2024 им беше 5,4 милијарди евра, 17% повисока од претходната година. Зголемувањето делумно се должи на Миу Миу што речиси двојно го зголеми профитот минатата година.