Креаторот Питер Морган неодамна имаше интервју со Варајети за шестата сезона која ќе биде поделена на два дела (првиот доаѓа на 16 ноември). Таму кажа дека по смртта на кралицата одлучил да го промени крајот.
„Сите го искусивме погребот,“ рече Морган. „И поради тоа длабоко искуство за сите, морав да се обидам да најдам начин последната епизода да се справи со смртта на ликот, иако е сè уште жив.“
Оригиналниот план бил да се заврши серијата со смртта на кралицата. Но кога вистински почина, не им било во ред, па сега ќе завршува со 2005, врвот на нејзиното владеење.
„Го направивме да биде историско, не новинарско,“ вели ЦЕО-то на Нетфликс, Тед Сарандос. „Мислам дека е подостоинствено што завршува речиси 20 години пред денешницата.“
Меѓу другото, Морган признава дека размислувал и за спин-оф, но дека се комплицираат работите.
„Имам идеја. Но, прво да завршам други работи. Второ ќе треба да се поклопат уникатни околности за да се оствари.“