Кога ќе почнат сомнежите за една врска, луѓето немаат тенденција да се изјаснат гласно. Често не сакаат да го загрижуваат партнерот и се трудат да го пребродат моментот и да видат дали е само фаза. Сепак, излегува дека сомнежите испливуваат во начинот на комуникација.
Раскинувањата се тешки за истражување затоа што се отплеткуваат со недели и месеци, а за да истражиш, треба да ги следиш животите на луѓето и од претходно. Ова не е можно, но можно е да се истражуваат искази на социјални мрежи и форуми, па така е и дојдено до новите податоци. На Редит, на пример, има стротици илјадници заедници познати како сабредити, насочени кон различни интереси и меѓу нив еден - r/BreakUps/, каде што луѓето го дискутираат распаѓањето на нивните врски. По анализа на нивните објави, идентификувани се јазични маркери според кои се детектира идно раскинување - до три месеци пред да се случи. Забележаните промени се гледале дури и кога луѓето не разговарале за врските.
Еден од главните знаци е дека луѓето почнуваат повеќе да се фокусираат на себе, со сè почесто користење на „јас“, како што се ближи раскинувањето. Ова често се случува и при стресен животен настан и други истражувања забележуваат дека „јас“ зачестува и кога се луѓето депресивни и анксиозни.
Во исто време, изразувањето станува понеформално и лично. Се прават помалку референци на концепти, и повеќе се зборува за други луѓе и идеи.
Околу моментот на раскинувањето, луѓето често го спомнуваат партнерот, веројатно затоа што сè уште не им е дојдено до глава одвојувањето на нивниот идентитет од заедничкиот.
Промени се забележуваат и по раскинувањето и податоците кажуваат дека луѓето главно се враќале на нивниот нормален начин на изразување после шест месеци.