Самата прва епизода почнува со звуци на жена во болки, пишува Кетрин Ван Арендонк за Вулчр. Потоа ќе дознаеме дека се работи за Ренира Таргеријен која го раѓа своето трето дете: препотена, затворени очи, се слушаат инструкции за туркање и имаме уште внимателна и посветена работа од тонската екипа: лизгање, мокри шлапања - за да сме сигурни точно што слушаме и гледаме. И во споредба со други породувања во серијата, ова е баш лесно - некомплицирано раѓање и здраво дете. Потоа кралицата Алисент бара веднаш да го види бебето, и наместо да ја фатат во момент на слабост, Ренира се влечка преку палатата сама, се мачи и остава крвава трага по пат. Тешко е да се гледа како куца по дворот и мавта на луѓе. Брутално е сурово.
Понатаму, на друга, бебето ѝ е лошо свртено, па и таа и бебето умираат при царски рез без анестезија. Кадри од чаршави со крв се шетаат по екран, а самата сцена е гордо насилна. Да сме сигурни дека публиката ја регистрира нејзината паника кога ќе ја отворат против нејзина волја.
И како ова да не е доволно да се докаже опсесијата на серијата со брутални раѓања, ја имаме шестата епизода. Лекарите му велат на Демон Таргеријан дека им снемало начини да ѝ помогнат на жена му за време на породувањето, па предлагаат да се исече матката и бебето да се извади, а притоа му кажуваат дека нема да преживее. Не можат да гарантираат ни за бебето. Ужасната, очајна и истоштена, Лиена се тетерави до надвор и го моли својот змеј да ја изгори до смрт.
Има еден феминистички аргумент за овие ужасни сцени, коментира Вон Арендонк. Според некои параметри, пореалистични се од омекнатите, зачистени претставувања што сме ги имале на телевизија низ годините. Овде се полни со крв и опасност, и глупост е да се расправаме дека раѓањето не е тоа - особено во средновековни времиња како што и во приказната личат дека се.
Продуцентот Мигуел Сапочник вели,
„Мислевме дека е интересен начин да се истражи фактот дека за жените во средниот век, раѓањето било насилство. Ако му давале избор, таткото го бирал детето наместо мајката бидејќи од царски рез се умирало. Екстремно насилен дел од животот било.“
Проблемот, вели Вон Арендонк е дека досега имаме три раѓања во „Куќата на змејот“ и сите се пропратени со болка, беспомошност, страв, насилство и некој друг надмоќен во ситуацијата. Идејата дека има повеќе раѓања, за да се покажат повеќе перспективи е смешна - две од три имаат слични контури без разлика што завршуваат различно, а дури и првото, „лесното“ се случува така само за мајката после повеќе да се помачи. Веќе до „ужасното породување“ бр. 3, „Куќата на змејот“ се гордее со себе. Конечно, фантастична серија што осветлува колку е тешко да се раѓаат деца!
„Креветот за породување е нашето бојно поле,“ ќе каже Ема во првата епизода, пред да умре во истиот тој кревет. Очигледно не се борела доволно за да ја добие таа битка. Во серија каде што нејзината вредност се дефинира со било што друго освен судбината на нејзиното тело, можеби животот би требало да има некакво значење поголемо од губење непобедлива битка. И можеби „Куќата на змејот“ би била подобра серија кога би знаела да ја мери вредноста на жената како нешто повеќе од цервикс отворен десет сантиметри.“