Се спрема серија според книгите „Хари Потер“ и тоа отвора можности за еден куп нови деца да создадат кариера и да бидат препознавани по улогите што ги одбележаа Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон. На аудициите, пријавените деца имаат по 9-11 години (Хари Потер трга во школо на 11), но, ете, се појавил и еден надежен глумец што решил да се проба во улогата на 11-годишната Хермиона Гренџер.
Меѓу 30.000 снимки за аудиција била и неговата. За сега името му е непознато, што не значи дека наскоро нема да се пожали дека е обесправен и нема сам да се пријави. Ако не е трол, значи дека е озбилен и дека нема зашто да не се пожали, па може ќе го видиме.
Во меѓувреме, за улогата на Дамблдор сè повеќе се спомнува Џон Литгоу, кој што веројатно би блеснал како директорот на Хогвортс, а за децата нема никакви најави - ХБО се посветени да ги најдат „најдобрите британски таленти“, па им треба многу време. За филмовите, авторката Џ.К. Роулинг инсистираше сите да бидат Британци, но Џон Литгоу е роден во Рочестер, Њујорк, па можно е гласините да не излезат точни на крај.
На 42-годишната Хермиона ѝ посакуваме среќа.