Ново за филмот за Поли Покет

Не само што се планира филм, туку пред да ги пофатиме деталите, Лина Данам успеала да се пријави и да се одјави.

На Мател им се виде лукративно правењето филмови за играчки, па природно после Барби на ред доаѓа Поли Покет. Прво требаше да режира Лина Данам, а куклата да биде Лили Колинс (од „Емили во Париз“). Колинс останува Поли, а Данам се повлече.

Лина Данам имала напишано сценарио за филмот и работела на него три години, но и покрај вложеното време и труд, го напушта проектот, во потрага по нешто што смета дека само таа може да го создаде, како Грета Гервиг со „Барби“.

„Мислам дека на Грета ѝ успеа неверојатна работа, односно да создаде нешто што беше уживање за толку различни типови на луѓе и тоа беше совршено и божествено Грета,“ вели Данам. „И мислам дека ако не можам на тој начин да го направам, тогаш нема да го правам. Мислам дека не сум таква. Мислам дека следниот филм што ќе го правам треба да биде филм што морам да го направам. Никој освен јас да не може. А мислам дека други можат да го направат Поли Покет.“

После ова, заплетот и приказната на „Поли Покет“ се во воздух. Ако се раководиме по визијата на Данам, Поли Покет ќе биде семејна комедија во која минијатурното играче ќе се спријатели со едно девојче. Пред-продукцијата трпеше одложувања затоа што ја фати холивудскиот штрајк.

Ема Спектер, авторка на текстови во Вог вели:

„Како и секоја миленијалка што пораснала џвакајќи облеки на Поли Покет, бев многу возбудена кога слушнав дека ќе има филм со Лили Колинс и ќе го режира Лина Данам. А сепак, кога прочитав вчера дека Данам се откажала од пишување и режирање на филмот имав едно чудно чувство на… олеснување?“

Сите така, Спектер. Сите така.

11 јули 2024 - 10:57