Осуден на пропаст - спасен од одлична глума: „Гленгери Глен Рос“

На хартија, идејата не ја бивало, но филмот е сепак легендарен, благодарение на неговите глумци.

Филмот прикажува два дена во животите на едни продавачи во агенција за недвижен имот и дознаваат дека некои од нив можат да летаат од работа.

Досадно.

Продуцентите претходно работеле на Б-филмови, Џери Токофски и Стенли Запник. Се разбира дека не сме чуле.

Приказната е базирана на Бродвејска претстава и режисерот Ирвинг Кершнер (од „Империјата го возвраќа ударот“) покажал интерес откако ја гледал претставата. За жал, немало студио што ќе го финансира и се откажал. Тука изгледало дека е завршено со таа приказна.

Токофски и Запник собрале милион долари за правата на драмата и не сакале така лесно да се откажат. Очајно го нуделе сценариото на сите што им паѓале на памет и собирале уште пари. На крај, го финансирале куп кабелски и видео фирми, една германска тв-станица, австралиски синџир на кина, некакви банки и Њу Лајн Синема. Режисерот е Џејмс Фоли, кој претходно имал режирано само неколку спотови на Мадона. Скептичен бил за проектот и сметал дека нема да биде успешен филмот ако не соберат многу добри актери.

Токофски го побарал Алек Болдвин, тогаш ѕвезда во подем, но немале доволно пари да го платат и едвај го убедиле да го прочита сценариото - потоа немало проблем.

„Прочитав 25 сценарија, и ништо не е толку добро колку ова. Добро. Ако го правите, ќе учествувам.“

Се согласил да глуми за 250.000 долари, многу помалку од вообичаената сума за ангажман. И им требале уште актери - претставата на Бродвеј успевала заради ансамбл од јаки имиња. И успеале да се сретнат со - Џек Лемон, кој исто така бил принуден да работи за помалку пари од обично - „само“ милион долари, но Болдвин го убедил.

Сега веќе личело на нешто, па можеле да се сретнат со уште јаки имиња. Успеале да го соберат Ал Пачино за (само) 1,5 милион, а бил една од најголемите ѕвезди во Холивуд во тоа време. Почнале да се шират гласини и одеднаш сите сакале да се појават во овој Б-филм.

И Кевин Спејси.

И Алан Аркин.

И Ед Харис.

Во тој момент, еден уметнички врв на Холивуд, група што заедно на куп има 27 номинации и 6 Оскари. А се работи за некои типови што седат во канцеларија и прават муабет. Но, со актери од ваков калибар сè може да се направи интересно - секоја изведба е величествена.

За жал, на крај филмот губи пари, бидејќи сè уште важи дека описот на филмот не е нешто што ги возбудува обичните народни маси.

Среќа, сега е препознаен. До толку што, сценаристот Дејвид Мамет има добиено Пулицерова награда за сценариото кое е и причината што повеќето актери се вклучиле во проектот.

8 јули 2024 - 11:59