И Нетфликс се оградува од Гејман, откако излегоа неколку жени со обвинувања за сексуален напад. Откажана е адаптацијата на неговата графичка новела The Sandman, и Нетфликс потврди дека втората веќе снимена ќе биде последна.
Авторот веќе се повлече од Good Omens, дело напишано заедно со Тери Прачет, чии наследници објавија дека комплетно ќе го преземат проектот без никаква инволвираност на Гејман понатаму.
Од Нетфликс велат дека серијата отсекогаш била фокусирана на приказната на главниот лик Сендмен и во 2022 веќе сфатиле дека немаат доволно материјал за повеќе од две сезони. Фановите не се согласуваат познавајќи го материјалот.
Во секој случај, работата е таква. А оваа изјава им дозволува на инволвираните барем да тврдат дека завршуваат со работата под сопствени услови, а не поради Гејман.