Нешто ми се оди во Лондон

Лондонските инстаграмџии имаат нов предизвик - им се отвори Фенди Кафе. Како нашето Версаче. Не баш.

Локацијата е на петтиот кат на Хародс, со специјално осмислено мени, инспирирано од Италија. Уметникот Џошуа Видес го има трансформирано просторот со неговата уметност, креирајќи монохроматско, современо искуство за кафе и храна, насекаде накитено со ФФ логото во црно-бело.

Ај вака по дома да си уредиме. 

Резултатот веројатно ќе го видите на Инстаграм под некој релевантен хаштаг затоа што најверојатно цел свет ќе се затрча да слика кафе, бисквити или торта со лого. Нели, ако можеа до Припјат по лајкови, ова проблем ли е?! Плус, овде се помали шансите да ти излезе радиоактивно куче-волк.

Уште ако имате среќа да фатите едно брендираните такси-возила со Фенди лого да ве донесе до таму, на Инстаграм-фидот му нема крај.

Отворено ќе биде до крајот на август 2019-та.

3 јули 2019 - 17:32