Дури и лебедиштено на Бјорк беше поепско (од аспект - те тера да го запамтиш и да го збориш) од резултатите синоќа.
Иако, макар како водител, Били Портер пак си однесе фигуративен Оскар за позитивен безобразлук дома. Лани беше во оној неортодоксен смокинг со кринолина, оваа година со сукња каква што ретко која жена може да износи, топ од златни ливчиња и златни штикли.
Ниеден номиниран што застана до него, не можеше да го надјача. Блиску до таму дојде Џанел Моне со светкавиот фустан со качулка.
И тука некаде би била Кристен Виг, и Сандра О (со тоа што Сандра О беше како шлаг, ама мора да ѝ се признае напорот).
Од овде натаму беа сепак „само“ убави фустани.
На пример, на Рене Зелвегер беше фантастичен, а Рене изгледа не баш многу сменета од вечерта кога зема Оскар за споредна за „Чикаго“.
И на Натали Портман, занимливо:
Сигурни Вивер беше скроз супер:
Ама ова на пример беше скроз досадно:
И ова, ама некако, сакаш да помине затоа што има уредно избрани патики што одговараат:
Ама ова на пример е слатко, а материјалот, иако сјајен, не вришти „другарка на невестата“ како некои други:
...додека Марго Роби можела и појако, ама што па мора секогаш најпрејако да биде? Марго Роби е тоа.
Еве два возбудливи што сепак не мора да значи дека ќе влезат во Хол оф фејм.
Подобар од овие беше на Скарлет Јохансон, ама пак на пример, нема шанси со ултра едноставниот, а сепак до потресување добар фустан на Хилари Сванк кога доби Оскар за „Милион Долар Бејби“
И друго фино:
И ова:
...
Сѐ на сѐ, година на ништо посебно, во модна смисла, со оглед на тоа на што се способни редовните дизајнери чии креации се шетаат на Оскари. Ама можеби може да се каже и дека целиот настан помина така безбојно заради новото расположение во Холивуд, заради тоа што од непријатни причини немаше водител, или затоа што луѓето почнаа да се откажуваат малку по малку. Паралелно со откажаниве, ветерани на интервјуа тврдеа дека и после толку години - сепак е гламурозно и нереално.
Него, видовте ли девојка му на Антонио Бандерас како го имаше грабнато под раката со која го држеше микрофонот, и дали и вие се подзамисливте како би го извеле тоа да му бевте дејт за Оскарите?