Од Инстаграм признаа дека го тргнале постот и се извинија, а излегува дека причината за тоа не е нешто драматична - претставник од таму даде изјава:
„За да ја заштитиме приватноста на нашата заедница, не им дозволуваме на луѓето да објавуваат лични информации, како на пример броеви на пасош. Во случајов, бројот на пасошот беше покриен, па оваа содржина не требаше да биде отстранета. Ја вративме и ѝ се извинивме на Бела за грешката.“
Тоа не значи дека ќе се престане со разговор на темава.
Бела Хадид е ифрит затоа што „објавила обична слика од американскиот пасош на татко ѝ и го истакнала местото на раѓање.“ Пишуваше:
„Мојот баба Мохамед Хадид и неговото родно место, Палестина.“
Потоа ги извести следачите дека сликата ѝ е отстранета поради „непочитување на правилата за малтретирање, кои вклучуваат: графичко насилство, говор на омраза, малтретирање и силеџиство; голотија и сексуална активност.“
На што ќе се побуни:
„Инстаграм, кој дел од тоа што сум горда на родното место на татко ми е ‘силеџиство, малтретирање, графичка или сексуална голотија?‘… Не смееме да бидеме Палестинци на Инстаграм? Мене ова ми е малтретирање. Не можете да ја избришете историјата со замолчување на луѓето. Не функционира тоа така.“
Тоа што на Инстаграм има еден тон жители на разни земји од Блискиот исток, со хиџаб и без, со по неколку милиони следачи, и не ги пипа, никој не го спомнува во оригиналната статија, туку напротив, и авторите се лутат и сочувствуваат со Бела за нешто што е најверојатно грешка, но добро.