Не се мажи за тој што го сакаш

Веројатно првата реакција ви е „Како, како?!“ ама стрпете се. Филозофијата на д-р Шефали се базира на друго и многу поважно.

Можеби една од новогодишните одлуки за 2021 треба да ни биде застанување и темелно размислување за работите што нѐ опкружуваат. И бидејќи семејните вредности се сѐ уште огромна, важна работа во нашето општество, можеби е време да им се пристапи со ум, а не со инерција. Д-р Шефали е клинички психолог со докторат од Колумбија, Њујорк и од нас бара да не скокаме така лесно во конструкти што можеби не ни одговараат - вели,

„Не се мажете за тој што го сакате, туку за некој што ќе ви помогне да пораснете како личност.“

Затоа што најдоброто нешто што можете да го направите за себе и за другите во вашиот живот е да се изземете од вашето сопствено лудило и да растете.

А и за бебињата има право:

28 декември 2020 - 11:37