
Иако може ни ви текнало досега, познатите мажи не се будат природно совршени за црвениот килим. Тука доаѓа улогата на грумерот.
Groomer - стилист, средувач (коњушар?) е личност што ја трансформира јавната слика на познатата личност, од обичен изглед до филмска ѕвезда. Додека кај жените често има посебен фризер и шминкер, грумерот е еден човек одговорен за коса, кожа и шминка кај мажите.
Да, сите (селебрити) мажи носат шминка.
Грумерот најчесто е фризер по професија, но работата не завршува само со косата - се грижат за секое јавно појавување на клиентот - од црвен килим до насловна страница на списание. Многу од најдобрите грумери за мажи се жени, а познатите личности често соработуваат со истата личност години наназад. На пример, Мајкл Б. Џордан работи со Таша Рејко Браун, Џејкоб Елорди со Ејми Кумаровски, а Хадсон Вилијамс со Аико Флорес.
Во суштина, улогата на грумерот е да ја создаде беспрекорната јавна слика што ја гледаме на фотографии, премиери и насловни страници. Иако често остануваат во сенка, нивниот придонес е клучен за „потполниот изглед“ на познатите мажи.
Еве, видете: