Ако ви текнува, ликот Хедер се снима во шатор во шума, осветлена само со блицот од камерата и остава комплетно безнадежна порака за светот.
Дваесет и пет години подоцна, вакво нешто можеш да најдеш без проблем - ќе имаш и да бираш, само ако отвориш ТикТок.
Милиони решаваат да го свртат објективот кон себе и да споделот што точно им се врти во глава во моментот. Липаат и се трескаат од земја заради раскинување, или отказ на работа и реакцијата им е - да снимат.
Далеку од тоа дека го имитираат однесувањето во филмот - некои го немаат ни гледано. Ама овој филм, како прв во својот „пронајдена снимка“-жанр се вртеше околу една бизарна работа - нивната упорност да не престанат да снимаат, без разлика колку се драматични условите околу нив.