Сослушувањето е за старателство, а го свикала веднаш штом дознала дека ќе бидат присутни браќата Тејт, додека Канје ја чувал ќерка му, Норт Вест.
Веднаш ја земала од таму - од обезбедувањето ѝ кажале дека браќата, кои минатиот месец се вратија во САД откако беа обинети за сексуална злоупотреба во Европа, наскоро ќе пристигнат.
Потоа, со адвокати и медијатор седнале и зборувале и за песната LONELY ROADS STILL TO GO SUNSHINE.
Во последно време, Канје Вест кој има историја на антисемитистички коментари, повторно се расфрла и со нив и со хомофобни коментари на Твитер.
Во средата наведе дека Кардашијан и нејзиниото семејство се вмешани во трговија со деца, алудирајќи на појавувањето на Норт во песна и ТикТок видео на ФКА Твигс.
Некој ден претходно, на Твитер сподели информација за седумиполгодишните близнаци на Бијонсе и Џеј Зи, со навредлив израз за нивниот ментален капацитет.
Вест и Кардашијан ги имаат и ќерката Чикаго и синовите Сејнт и Псалм. Се разведоа во 2022, после осум години брак.