Метаверзумот, или 3Д интернетот во кој се очекува да инвестираме сè повеќе време и енергија е лесно да се спореди со Матрикс, плус носи опасности од зависност од игри и дисконектираност. Но, за да им пројде, веднаш им текнува на начин да ги обвинат за нешто тие што се противат. Милијардерот и инвеститор во Мета, Марк Андресен објаснува дека постои нешто што се вика „привилегирана реалност“:
Мал процент од луѓето живеат во опкружување што е богато, дури и пребогато, со прекрасни содржини, убава околина, доволно стимулација и многу фасцинантни луѓе со кои може да се зборува и да се работи, а до денес, сите други, огромно мнозинство од човештвото ја нема таа привилегирана реалност - нивниот онлајн свет е, или ќе биде немерливо побогат и поисполнувачки од физичката и општествената околина во реалниот свет.
Гејмерите се воодушевени и признаваат дека го користат онлајн светот како бегство.
Еден раскажува дека после лошо раскинување, се одмарал со Симс:
Ми беше утеха да бидам во тој среден свет каде што можев да контролирам сè и каде што знаев дека нема да има гадни изненадувања. Мислам дека се подразбира дека онлајн светот може да биде подобар од реалниот свет. Во реалноста не можам да летам, ни да се качувам на планина за едно попладне, или да изберам аватар што комплетно ќе ми го смени идентитетот. И кога ми е тешко, да, наоѓам утеха во овие светови.
Сепак, на Редит опасно ја критикуваат идејата за привилегирана реалност, истакнувајќи дека ваквиот начин на размислување може да доведе до поделби во реалниот свет, како што подобрувањата во онлајн светот ќе се гледаат како валидни подобрувања од реалниот. „Ова е како зло од цртан филм,“ пишува еден корисник. Друг посочува на академски прифатената идеја дека светот се подобрува, од намалена глобална сиромаштија и глад, до сѐ поголем пристап до образование.
Мета се упорни со Метаверзумот како место каде што социјалните стеги и нееднаквости ги снемува, но истовремено се и многу лукративна компанија со пазарна вредност од 13 трилиони долари. Сотеби продава уметност во Метаверзумот за милиони, а виртуелна Биркин чанта креирана од дигиталниот уметник Мејсон Ротшилд се продава за 40.000 долари. И други дизајнери со задоволство се вклучија - Гучи неодамна лансираше ограничена колекција НФТ, каде што една виртуелна чанта беше 4500 долари. Дизни патентира технологија за метаверзумски паркови, а изведувачите кешираат на „турнеи“ низ метаверзумот.
Опасноста од разговорот за „привилегираната реалност“ е дека го позиционира метаверзумот како легитимна алтернатива на реалните искуства и го замолчува секој што ќе се осмели да го доведе ова во прашање. Реалниот свет и метаверзумот и понатаму сигурно ќе се мешаат, но тешко дека можеме комплетно да му се предадеме на вториов како на Матрикс. Наместо да се размислува за Метаверзумот како бегство од реалноста, можеме да ги користиме работите на кои онлајн световите нѐ учат - изобилство, флексибилност и дарежливост - да ни помогнат да научиме како да го подобриме физичкиот свет во кој сега живееме.