Научник тврди дека повеќето луѓе се бисексуални

Од скоро има статистики дека 1,8 проценти од населението во Велика Британија се идентификуваат како бисексуалци. Еден научник вели дека тој процент е драматично поголем.

Др. Џејсон Хоџсон, антрополог и еволуциски генетичар смета дека повеќето луѓе се на „бисексуалниот спектар“. Хетеросексуалноста и хомосексуалноста се крајните страни на спектарот и повеќето луѓе се на средината.

„Гените што влијаат на сексуално општење со истиот пол се веројатно гените што влијаат и на општата друштвеност,“ вели тој. „ Луѓето во средината на спектарот веројатно повеќе ги бива за сите социјални врски. Според тоа, луѓето што понекогаш влегуваат и во истополови врски, веројатно подообро се снаоѓаат и во хетеросексуални врски.“

Според него, повеќето луѓе се барем малку на бисексуалниот спектар, доколку би се нашле во вистинските услови. Сепак, Хоџсон тврди дека има многу јасна дистинкција меѓу „идентификување како бисексуалец“ и „покажување бисексуално однесување“. Сексуалното однесување го носиме во гените.

На статистиката влијае и фактот што луѓе што практикуваат хомосексуален однос, се случува да имаат и репродуктивен секс.

Бисексуалноста како концепт е често доведувана во прашање затоа што постои претпоставка дека мажите се или геј, или стрејт и ништо помеѓу.

7 март 2025 - 09:19