„Оттуѓувачки, опасен и перверзен филм.“
„Нема да се смират додека сите не станеме геј.“
„Феминистичката агенда сите ќе нè убие.“
„Ова субверзивно дело шири поделба и пропаганда зад лажната маска на хуманизмот.“
„Марго Роби и Рајан Гослинг не можат да ја спасат приказната опфатена од мажомразачката агенда.“
„Барби е филм за Барби направен со политичката свест, конзистентност и интелигенција на куклата. Можеби сфаќа дека е во длабоко, без да знае да плива...“
„Знаеш дека ќе биде одличен филм кога целата тема е дека мажите се зло затоа што сакаат коњи и мини-фрижидерчиња.“ (Ако не сте сакале досега да го гледате, нели ова ве тера да ѕирнете макар?)
„Вистинска пластична Барбика има повеќе душа од филмов.“
„Фала богу што другарка ми јадеше пуканки од под за време на филмов, барем тоа беше забавно...“
„Гервиг влегува во клише-форма на егзистенцијализам во кој животот во основа е безначаен.“
„Затворен круг од упорни кризи на идентитет, музички точки, солзи, збеснувања, млаки феминистички говори, проблематична глума од огромната екипа и Кен одеднаш се претвора во пореметен поранешен дечко.“
„Превозвишен концепт за да биде забавно. Преглупо за да биде умно. Премногу за широки народни маси за да биде длабоко.“
„Реклама за Мател, и во еден многу возбудлив момент, реклама за Шевролет. Спасителот на киното. Слава му.“
„Барби толку фанатично и истоштувачки се труди да си го оправда постоењето, што во еден момент, се врти за 360 степени назад до Чекај малце, зошто го правиме ова?“
„Барби симболизира култура што ги обезвреднува детството и доброто.“
Сега треба повеќе да ви се гледа.