Најчудните работи што познатите жени ги носат во ташна

„Нешто со тартуфи“?!

Да, точно е дека женските ташни се чудо и дека знаат да чуваат чудни работи. Хаотични и чудни се не само кај обичен свет, туку и кај славните. На пример:

Адел носи кечап
Адел во едно интервју открила дека не им верува на рестораните и нивната понуда, бидејќи ако кечапот е лош, може да го уништи целото јадење. Затоа секогаш во ташната има неколку мали пакувања од проверен бренд.

Опра Винфри - тартуфи
Или, кажи ми дека си богат, без да кажеш дека си богат. Опра не оди никаде без храна со тартуфи - без разлика дали е масло, сол или нешто друго. Во ташната секогаш има нешто на база на тартуфи.

Аријана Гранде - мал камен
Станува збор за мал, за неа посебен камен, со натпис serenity (спокојство).

Шанина Шајк - порака од првиот букет од дечкото
Познатиот австралиски модел Шанина Шајк во својата ташна носи нешто малку чудно, но и многу романтично - пораката што дошла со цвеќето од првиот букет што го добила од својот сопруг, тогаш дечко.

Ема Вотсон - тегличка нутела
Во неколку наврати има кажано дека носи сѐ и сешто и дека пријателите често ја задеваат поради тоа - носи книги, дневник, вода, дезодоранс, шминка и - Нутела. 

Миранда Кер - уред што блокира зрачење
Иако звучи чудно, сепак е корисно. Супермоделите мора повеќе да внимаваат на здравјето на кожата, бидејќи на сетови и снимања се изложени на различни неповолни услови. Од овие причини, Миранда Кер секогаш носи уред што блокира радијација, кој се лепи на телефонот и ја намалува изложеноста на зрачење од технологијата што ја користиме секојдневно.

13 август 2025 - 00:00