Во понеделникот еруптираа социјалните мрежи, откако на профилот на Конвеј, на „стори“ варијантата што ја нуди Твитер - флит, се појави фотографијата од 16-годишната Клаудија Конвеј. Флитот е избришан, ама скриншоти секако дека има.
Ситуацијата се прошири до ТикТок, каде што Клаудија често постира за она што се случува по дома, со семејството. Во текот на минатава година, има споделувано видеа каде што се забележува тешкиот однос што го има со родителите. А дека е тотално неупатена во скандалот докажуваат нејзините коментари „не знам дали е ова шега, ама страв ми е“ и „дали е ова реално?“
um can we please talk about abusive mother kellyanne conway leaking her 16 year old daughter's nudes in a fleet while claudia fights for emancipation... she is literally begging in MORSE FUCKING CODE for people to help her on tiktok pic.twitter.com/L58aW8eNqo
— sofie halili (@literallysofie) January 26, 2021
Во сега веќе избришано видео, Клаудија на фановите им вели,
„Претпоставувам дека кога мајка ми ми го земала телефонот… го сликала тоа, за да го има кај себе. Веројатно по грешка го објавила или некој ја хакнал. Ама никој не би требало да има таква слика, никогаш. Така што, Келиен, има да одиш во затвор.“
Законот во Америка „забранува продукција, дистрибуција, примање и поседување слика од детска порнографија и секое прекршување на законот за детска порнографија е сериозен криминал,“ а „осудените ќе се соочат со сериозни казни.“
Клаудија учествуваше и во ТикТок Лајв со инфлуенсерката Тана Монжо, во кое се гледа дека се расправа со родителите за фотографијата и се слуша како ја обвинува мајка ѝ. Во целата расправија, меѓу другите гадни коментари што ѝ ги упатува Келиен на Клаудија, се слуша и „Имаш среќа што мајка ти е против абортус.“
Келиен Конвеј го напушти работното место во администрацијата на Трамп уште во август, 2020, кога вирално се раширија неколку видеа каде што Клаудија зборува за нивниот однос. Претходно, советничката беше обвинета за постојано кршење на етичките закони и беше повикана на разговор заради постојано кршење на Хач актот, кој забранува јавни службеници да ги користат своите позиции за партизански цели.
Сѐ уште не е разјаснето дали семејството е толку испокршено, па Конвеј тенденциозно ја објавила фотографијата, или се работи за хак или грешка.