Неколку универзитети во Оксфорд и Бирмингем се здружуваат да го истражат феноменот наречен „емотивна зараза“ и во последните неколку години се фокусираат на група од 79 музичари на возраст од 15 до 19 години.
Сите учествувале во еден или два музички ансамбли на турнеја за време на летото 2018 и сите воделе дневник во кој си го следеле расположението и социјалните интеракции во текот на денот.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека расположението има тенденција да се формира според она на луѓето околу нас. Испитаниците што поминувале повеќе време заедно си ги „примале“ меѓусебните расположениja, што значи, во случај кога некој што се чувствувал добро и позитивно, се дружел со некој што бил лошо расположен, позадоволниот почнувал да се чувствува полошо, додека незадоволниот се орасположувал.
Еден од авторите на истражувањето, Др. Пер Блок вели,
„Истражувањето покажува дека на човек му влијаат другите околу него. Расположението е заразна работа, и без разлика што може ‘да фатите’ и добро и лошо расположение, лошото е попотентно.“
Уште еден интригантен наод е дека да си постојан мрчатор не значи дека ќе имаш полош социјален живот. Всушност, социјализирање со некој што е нонстоп лошо расположен е ризик што повеќето луѓе се спремни да го преземат. Студијата покажала дека учесниците се исклучително толерантни на осцилациите во расположението на нивните колеги.
Поентата на ова истражување е да се дојде чекор поблиску до разбирање зошто луѓето влегуваат во пролонгирани лоши состојби на расположението и кои се социјалните фактори кои ја одредуваат емотивната благосостојба на адолесцентите; долгорочно гледано се бара начин да може им се пружи емотивна подршка за да им се подобри менталното здравје.