Може ли да се договориме дека Јапонците се залутани на планетава?

Поривот за наслов со „Нема да ви се верува…” никогаш не бил појак.

Сите сме чуле за ескорт-услуги. Ама Јапонецот не би бил Јапонец ако не го однесе тоа на еден левел што ние обичните луѓе не можеме ни да го смислиме, а не па да го претвориме во бизнис.

Јапонките одамна и бегаат на традицијата и се повеќе работат и се откажуваат од слободно време за врски и средби. За оваа мала непријатност им се нудат услуги од типот „The Boyfriend Experience”, и не, не е површно како ескорт-службите што ни се познати. Овде си бираш (и си плаќаш) од мени, без разлика дали сакаш да си разговараш со „дечкото”, да му поплачеш, да си полежиш со него, да се покараш…

Уште не ви е доволно чудно?

Ајде да видиме како еден изрентан дечко ќе створи атмосфера за поплачување, што ти после треба да си ја платиш.

И целата таа култура каде што се плаќа за машко внимание не застанува тука. Има цели клубови што таргетираат жени, кои одат таму, и како што мажите на запад плаќаат стриптизети да ги дружат и да им играат, овде жените плаќаат уредно облечени мажи да се однесуваат како да се на дејт.

Па, дечки… Ако ви се работи по странство…

31 јануари 2019 - 00:00