Може ли црно и кафеаво? Прада вика да

И тоа не само последнава сезона. Прада инсистира дека кафеаво и црно е совршена комбинација веќе со години, а најраниот доказ што го имаме тука е од 1993-та.

Еве ја '93-та:

Другите комбинации не се од една последна ревија, туку собирани низ годините, како Прада да не сака да заборавиме дека ја одобрува оваа комбинација на бои која некој решил да ја стави во онаа ограничувачка категорија на „не може таа со таа”.

Таму спаѓаат црна и тегет (а топ се заедно), лиљакова и црвена (сте виделе ли уметнички дела со овие две бои?), па и црвена и розева, а сите сме свесни дека е 2018-та и дека правила едноставно - нема. Погледнете ја уличната мода од Њујоршката модна недела (или било која улична мода за време на модни недели) па ќе ви стане јасно колку никој ништо не смее да каже.

Освен Прада. А Прада вика дека црно и кафеаво - може.

уште

26 септември 2018 - 10:05