Пишува: Тејлор Ендруз, за Космополитен
Како (главно) возрасни луѓе, сме го заработиле правото да уживаме во орален секс, па иако оваа класика наречена 69 порано важеше за „ај да направиме што е можно повеќе пред да си одиме дома“, сега има нула смисла.
70% од вас повеќе би оделе со „прво еден, па друг“, наместо со 69.
Затоа што, на пример, оваа поза е дефиниција за неудобност, без разлика дали си горе или долу. Како човек што секогаш бил од горе, ви ветувам дека нема ништо еротско да опчекориш нечија уста додека си скичмен во многу непријатна положба. А тој под мене? Извини што ќе те боли вратот.
Исто така, 69 е во основа мултитаскинг, а кога се работи за секс, тоа е самото по себе контрапродуктивен концепт. Јас не можам ни туш на очи да ставам додека зборувам со другарка на телефон, па можеш да претпоставиш дека какво и внимание да ти посветувам во тој момент, ќе биде половично.
Доста веќе се однесуваме како да имаме уште 15 минути пред да се вратат мајките и татковците дома.
Башка, како да го осетам тоа фино задоволство со ежење кога паметот ми е само дали кај партнерот причината за смрт ќе биде „вагината на Тејлор Ендруз“? Лекции на тема „како да му седнеш на фацата на дечкото од Тиндер“ не се баш влезени во сексуално образование. Патем, и покрај досегашното искуство, немам стратегија за проценка колку притисок треба да направам, и цело време мислам „може ли да дише?“
56% од вас се согласуваат дека 69 *не* е удобна поза.
И на крај, јас лично преферирам оргазми кога лежам удобно на грб. И ми треба тотална конзистентност („Не запирај“ буквално значи „Не. Менувај. Ништо.“) А не можеш ова да го постигнеш ако се случува толку многу одеднаш.
Затоа, ве молам послушајте ме и ставете крај на 69 засекогаш. Ако нечија уста е толку способна како што тврди во флертувачки порачиња во 3 сабајле, тогаш не треба ни да знам кој ден е, а не да можам во истовреме и јас да се бавам со неговите гениталии.