Модна капсула со 7 парчиња

Ако концептот „модна капсула” се споредува со верски пост, тогаш ова е од најстрогите.

Еднаш објаснувавме околу привлечноста и практичноста на филозофијата на модната капсула. Во основа се одлучуваш за околу 30 парчиња, што е можно поквалитетни и што е можно по-инвестиција, кои совршено можат да се искомбинираат меѓу себе и главно се во неутрални нијанси, плус една боја

Самата дефиниција исклучува трендовски парчиња, а сепак, како што е сè подложно на индивидуално толкување, така и една вработена во Refinery29, си ја толкува филозофијата по нејзино - „Ќе ви покажам дека може да вклучите и трендови,” вели.

А бидејќи ова ѝ е експеримент, а не нова животна одлука, си дозволува да ја однесе работава на едно многу повисоко ниво. Нема да избере 15, 20 или 30 парчиња.

Ќе се одлучи за седум. А од видеово дознаваме и дека оние језиви, хипички фарбани маици - tie-dye ги имало на повеќе модни писти и дека се - тренд. Ќе нè разбуди ли некој кога ќе запре ова лудило?

Е, сега. Не добиваме ние класика како во „Би се снашле ли само со три комбинации за облекување?” Доволно е да фрлите поглед во коментарите, кои главно се движат околу „Све супер тоа, ама...” затоа што ова што се носи во овие прикажани 7 дена... не е за секого.

Ама ако се појави на улица низ Скопје? Секоја чест. Стануваме досадни.

23 мај 2019 - 19:15