Модна инспирација: Адам Сендлер

Значи, што не ќе измислат зумериве.

Дали ви е јасно дека новиве генерации нè воведоа во ера каде што е сосема нормално да гледаш во Адам Сендлер за модна инспирација? Дека Адам Сендлер е фешн мјуз?

Ај да го испитаме тоа.

ТикТок (се разбира) е познат по лансирање чудесии, па така и ова потекнува од таму. Мрежата е преплавена со видеа од девојки и девојчиња, облечени во најраздрапаната гардероба, инспирирана од распар тренерките, дуксерите и маиците на Адам Сендлер.

За разлика од нивните стилистички „предци“ - чистата естетика или микро-мини сукњата, „Адам Сендлер Кор“ значи опуштени, што-прво-ќе-ти-дојде-при-рака алишта.

Трендот има иронично потекло, но сепак луѓето наоѓаат мудрост во пристапот што Сендлер го има кон модата.

Една Тиктокерка од Калифорнија вели,

„Причината што ова е толку атрактивно и комично е што тој е толку успешен и може да си дозволи да се облекува како повеќето славни личности, но наместо тоа, не му е гајле и не се труди - се држи до тоа за кое што го бива.“

Ова ептен ќе одговара со онаа филозофија „ова лето сме споредни ликови“.

Има нешто.

25 август 2022 - 00:01