Досега имавме hot girl summer, feral girl summer, main character energy… Сè се тоа симпатични концепти и насоки на кои начини можеме да го искористиме летото за уживање и „подобрување“, ама на толку подобрување, се уморува човек, па понекогаш само сака да си поседи на страна.
Да, фино е да се трудиш да бидеш најдобар што можеш, да се прифатиш каков што си, ама летово, некако најфино звучи да не правиш и да не бидеш ништо.
Затоа и масовно се прифаќа филозофијата на „лето на спореден лик“ - сезона каде што ќе бидеме „ноншалантната другарка што само повремено се појавува, кажува гачки и пак се повлекува во сопствениот живот за кој приказната не е.“ Ова е сон на сите интроверти - сам одлучуваш колку многу или малку енергија ќе вложиш; уживаш, ама правиш и што ти одговара, наместо да бркаш некое совршенство.
Личноста на која треба да и бидеме благодарни за кованицава се вика Лола, сценаристка е и прв пат нè просветлува на ТикТок:
@lolaokola summer 2022 vibe #maincharacterenergy #maincharacter #maincharacterchallenge #summer2022 #summervibes ♬ original sound - lola
„Вајбот е саканиот спореден лик што одлично се облекува и секогаш има мудрост за кажување. Естетика лесна за постигнување! Нема веќе документирање на рутини за нега на кожа со повеќе чекори, или работење на најдобрата верзија од себеси.
Нема да им ич работа ова лето. Немам намера да минувам низ каков и да е развој на лик, или да растам како личност. Овде сум да бидам забавна и секси, точка.“
Да се разбереме, сите тие интернет трендови што се појавија често се уште еден начин да се кренат очекувањата и стандардите за жените. Божем следната филозофија е тука за да ја отфрли претходната, ама на крај пак им кажува на жените со што следно да се замараат.
И без разлика што и за летото на споредни ликови важи истото до некаде, барем им дава можност на луѓето да кажат ‘не‘ наместо ‘да‘ и да прават нешто само ако им се прави.