Миленијалците го возвраќаат ударот

„Што се децава нонстоп со исплазен јазик?“

Ви текнува кога Генерација З (овие што се сега тинејџери) ги земаа на заб миленијалците, да им се чудат „зошто се глупи“? И тоа на ТикТок, тотално прикладно за новата генерација, па имаа прашања од типот „Зошто се миленијалците опседнати со Хари Потер“ и „Зошто за сѐ имаат Базфид статија“ и такви работи.

Е па, сега и миленијалците имаат прашања, плус ни решаваат уште еден голем проблем - не треба да кршиме јазик со „Генерација З“, новите деца имаат наслов - Зумери.

Па, да прашаме:

  • Зошто им е исплазен јазикот на секоја слика?
  • Зошто обожаваат брендови како Фила и Томи Хилфигер? Зошто гледаат Френдс и Д Офис?
    Анемоја - носталгија за минато што не си го доживеал - ова на Генерација З ѝ е поприсутно од било која друга генерација.
  • „Зошто Зумери ми доаѓаат во Старбакс со занесување? Јас ќе им речам „Здраво, повелете“, тие ми викаат „Еби си матер“. Плус, нови тинејџери: Ако давате еден куп пари за фрапучина, треба и бакшиш.“
  • Зошто Зумери мразат веѓи?

  • Зошто имаат толку грозни нотификации на телефон, значи светкања, вибрации, аларм, рингтон, сѐ гласно, во ред е, нотификација од Снапчат е во прашање.
  • Зошто мислат дека непочитување и нељубезност е слатко однесување?
  • Зошто машки зумери ги лижат усните и намигнуваат на ТикТок?
  • Зошто не знаат да симнуваат торенти?
  • Зошто се извинуваат кога даваат комплименти? „Извини, ама многу ти е јак фустанот.“ Извини за што?! „Без навреда, ама мислам дека си супер.“ Што е навредливото?
  • Зошто се облекуваат како статисти од Стрејнџер Тингс?
  • Зошто измислуваат толку патетични изрази?
  • Зошто си ги брукаат семејствата на социјални мрежи?

Не ја замислувавме трета светска војна вака, ама добро. 

25 јуни 2020 - 19:31