Бумерите, родени меѓу 1946 и 1964 се пензионираат и почнуваат да размислуваат што ќе прават со имотот. И излегува дека одлучуваат да го трошат, наместо да го собираат за наследство. Вака вели едно недамнешно истражување направено со помош на 1000 богати Американци (со над милион долари во имот) и се открива дека наместо да го зачуваат богатството за идните генерации, 45% од бумерите имаат намера да се изнауживаат во него додека се живи.
Очекуваат дека ќе остават по нешто за новите генерации, но сепак трошат и тоа посветено, за разлика од помладите што штедат заради влошените економски притисоци.
Многумина од нив го немаат ни почувствувано поскапувањето така тешко како што е случај со младите, дури имаат и заработено на него. Во моментов важат за најбогатата генерација во историјата, додека миленијалците се прогласени за „најголеми лузери“ во однос на акумулирањето богатства.
Парите на бумерите им се од исклучително поволните економски услови во ерата после Втората светска војна. Имаа можност да акумулираат имот без финансиските стеги со кои се соочија помладите генерации, како на пример (во САД) долгови за студирање и (секаде) зголемени трошоци за домување. Стратешкиот бенефит е од 40-годишниот период раст и на берзата и на вредноста на недвижниот имот.
Миленијалците се обидуваат да штедат покрај серија исклучителни економски потешкотии - кризата од 2008, пандемијата и најголемата стапка на инфлација од 1981 па наваму.
Сепак, може ќе добијат по нешто, иако не сè, па колективната финансиска стабилност на миленијалците ќе се подобри до 2030. Од другите промени што ова би ги донело се постабилно домување и почнување нови бизниси, или кариери по желба како што бива кога си финансиски постабилен.
Генерацијата З има силен потенцијал да ги надмине сите претходни генерации во однос на финансиски перформанс - ако ги адаптираат навиките за штедење со економските реалности.