
„Cousins and Coworkers“, метод креиран од професионалната организаторка Кристен Феклер од iOrganize, претставува комплициран начин да дојдеш до одговор на прашањето: каде точно припаѓа овој предмет?
Методот ги групира предметите според нивниот однос:
- Cousins (роднини): предмети што се слични, но не идентични - на пример маскара и пудра.
- Coworkers (соработници, колеги): предмети што работат заедно, како тетратка и пенкало.
- Family (семејство): предмети што се исти или речиси исти, како две исти шноли, да речеме.
Оваа поделба не е строго дефинирана и методот остава простор за прилагодување. Ист предмет може да влезе во различна категорија, зависно од тоа каде најчесто се користи или како најмногу ѝ одговара на логиката на домот. Така, очилата за сонце може да стојат покрај очилата за читање, но и во чантата, покрај предметите со кои „соработуваат“ секој ден.
@iorganize Where Do I Put This ? - Episode 12 #professionalorganizer #iOrganize #iOrganizeeverything #HappyOrganizing #organizing #howtoorganize #cousinsandcoworkers #wheredoiputthis? ♬ original sound - iOrganize
Овој систем најчесто се тестира во „критични“ зони: агли што собираат документи, натрупани маси, фиоки со микс од ситници или плакари каде ништо нема смисла. Процесот започнува со групирање на очигледните предмети - козметика во бањата, играчки во детската соба, документација на едно место. Потоа следи функционално групирање: пенкала со тетратки, полначи со уреди, кабли со техничка опрема.
Интересен момент е дека дури и предмети без очигледна категорија (детски сувенири, случајни полначи, ситници што „немаат дом“) добиваат место кога им се пристапува методично. Некои одат во кутии за спомени, други во донации или за рециклажа.
Според некои најголемата предност на методот е намалувањето на заморот предизвикан од одлучување - она ментално „заглавување“ кога човек не знае каде да стави еден предмет. Со јасни категории, процесот станува многу поинтуитивен.
Сепак, „експертите“ нагласуваат дека методот не е магично решение. Потребни се време, посветеност и реална волја да се расчисти и отстрани непотребното. „Роднини и колеги“ ја нуди структурата, но трансформацијата доаѓа од самото вложување труд.
Може па ќе му се најде на некој.