Сами одлучиле. А вие мислевте вас не ви се погоди снаата.
Лошата шала на страна, од Бакингемската палата се шокирани од новите планови за иднината на Меган и Хари, кои изјавија дека „донеле одлука после месеци размислување и интерни дискусии.”
Планираат да го поделат времето меѓу Кралството и Америка, притоа „продолжувајќи да внимаваат на должноста кон Кралицата, комонвелтот и штитениците.”
„Ваквиот географски баланс ќе ни овозможи да го воспитуваме нашиот син со почит кон кралската традиција во која е роден, додека истовремено му даваме на нашето семејство простор да се фокусира на следното поглавје.”
Локацијата што ја спомнуваат поточно е Северна Америка, и без разлика што мајката на Меган Маркл живее во Калифорнија, весникот Сан, кој ја објави сторијата шпекулира дека всушност се работи за Канада - истовремено и локацијата каде што Меган помина седум години снимајќи Suits.
Она што ги интересира сите е најбалканското прашање: Од што ќе живеат?
Бидејќи се повлекуваат од кралските должности, Хари и Меган веќе нема да добиваат средства од кралската каса - тоа би значело дека се членови на кралското семејство со финансиска независност.”
По интернет се појавија минимум сто илјади доскочици со „ај се мењаме”.
Во моментов, не смеат да заработуваат на било кој начин, но со новиот статус ќе можат да работат со полно работно време. Класифицирани се и како „меѓународно заштитени”, што значи дека мораат цело време да имаат вооружено обезбедување. Куќата каде што живеат во моментов ќе ја задржат за да имаат „своја дома во В. Британија”.
Според експертите, тешко ќе им биде да живеат нормален живот на каков што најверојатно благо се надеваат, особено што Хари ќе стане уште побитен кога татко му, (а подоцна и брат му) ќе стане крал. Јавноста веднаш ја спомнува Дијана, која исто така се повлече без консултација.
„Проблемот е што не работат за себе, туку за семејна фирма и затоа е ова повеќе од бизарно,” вели Греам Смит, портпарол на Репаблик, кои се борат за можноста да се бира човек на чело на државата. „Уште и ни кажуваат дека ќе прават излези-влези од кралските должности, ама нема да престанат да трошат народни пари додека не најдат друг извор на заработувачка.”
Хари е инаку шести по ред за тронот - зад татко му, брат му и тројцата внуци.
Да му држиме среќа петорицата пред него да не се откажат, кога толку му се брка раат.