Марие Кондо отвори продавница за глупости

За истите глупости што требаше да ги извадиме од дома. Ама може па, овие „носат радост”?

Совршено организираната империја на Марие Кондо си стои гордо исправена над нашата потреба да „собираме ѓубре”, го слави минимализмот и нè охрабрува нас обичните смртници да го задржиме само тоа што „предизвикува радост”.

Во ред.

Но.

Сега откако ги испразнивме домовите од глупости, Марие Кондо отвори онлајн продавница за - уште глупости, со така едни, фини цени - што треба да си ги купиме и да станеме автоматски порадосни.

Така и пишува на нејзиниот сајт, дека имаме „колекција предмети што 'спаркнуваат џој' за Марие и ја подобруваат вашата секојдневна рутина,” а има на пример, златна кутлача за 95 долари, па има КУТИЈА за 75 долари, па месинган држач за алат од ДВЕСТА СЕДУМДЕСЕТ И ПЕТ долари. Затоа што, супата со петел од Подравка е драматично подобра кога се става со златна Марие Кондо кутлача, а ѓубренцата што ви значат добиваат на вредност во Марие Кондо кутија.

На Твитер не му бега иронијата:

 Од омилените ствари:

Кутија за чај од 200 долари:

Папучи од 206 долари:

Грда свеќа за 86 долари:

Партал за чување цвеќиња за 42 долари:

Нешто за 72 долари:

20 ноември 2019 - 15:11