Брендот е млад, основан од двајца браќа и сестра во 2016. Продаваат додатоци од кожа и полека ги препознава светот поради моќните, а едноставни дизајни кои еден инсајдер би ги препознал како за Жан Дамас. Како што е и обичај кога се работи за митот за Французинката, нема големи логоа и блескав метал насекаде. Брендот тежи кон „дискретност“, а цените се релативно пристапни, од 300 до 450 долари.
„Нашето гледање на работите и целата идеја на компанијата е да изградиме нешто од производот, од дизајнот, од квалитетот, од приказната,“ вели ко-основачот Антоан Моте кој и самиот сака својата историја да ја чува од очите на јавноста за да не одвлекуваат внимание од брендот. Она што одлучува да го сподели е дека е средно дете, меѓу постариот Матиу и помалата сестра Елса со кои заедно го имаат создадено Полен. Модата им е семеен бизнис - прадедо им го има основано Сент Џемс, пионерот за оние класични бретонски маици со линии, уште во 1889.
Во септември, Полен ја отвори првата продавница во Њујорк, а просторот е исполнет со дрвени фотелји и непреполнети полици, за да се долови брановата должина на која што се наоѓаат. Понатаму, ќе се шират во Токио, со нова локација што ќе отвори напролет. Во моментов, Јапонија е еден од четирите најголеми пазари на Полен, заедно со Америка, Кина и Франција. Бидејќи колку и да е брендот олицетворение на париската елеганција, истовремено ја разбира и глобалната привлечност на таа естетика и работи со заедница од инфлуенсери кои ги рекламираат парчињата ширум реалниот свет и оној на социјалните мрежи.