Луи Витон отвора ресторан

Не е невообичаено за големи модни брендови да имаат ресторани, барови и кафичи во портфолио. Луксузното угостителство во светот доживува свој мини-бум.

Армани има колекција од 15 кафичи низ светот, Ралф Лорен имаат „Кај Ралф“ во многу од нивните продавници, а од лани Жакемус, АПЦ и Мезон Кицуне имаат свои бар-ресторани во Париз и Њујорк.

Но, следниот бренд што ќе влезе во угостителство е голем - Луи Витон објавија дека ќе го отвараат првиот ресторан во рамки на продавница, и тоа не во Париз, туку во Осака. Ќе се вика Кафе В, а менито ќе им го осмислува славниот јапонски готвач Јосуке Суга. Него го сметаат за движечка среќа во индустријата со храна - во последните две децении оди од ресторан во ресторан, и дома и надвор, како главен готвач или личен асистент на некои огромни имиња - и потоа добиваат Мишелин ѕвезди.

Во 2014 отвори култен ресторан во Токио, што прима само по 20 души, Сугалабо. Луи Витон ќе има своја верзија: отворена кујна со име Сугалабо В веднаш до шанкот и ќе се излегува на тераса на покрив.

Се отвара на 15-ти февруари, а извршниот директор веќе има изјавено дека ја остава вратата отворена за нови правци, освен модата. Што значи, може да се отвараат уште ресторани, а и хотели во иднина.

Идеме?

28 јануари 2020 - 13:11