Лорејн Брако наполни 70 години

Знаевте дека Брако требало да ја глуми Кармела?

Една од најпознатите ТВ-психијатарки минатата недела го прослави 70-от роденден. Во „Сопранови“ прво ја викнале за улогата на Кармела, но ја одбила бидејќи во Goodfellas веќе играла мафијашка сопруга и за таа улога има добиено номинација за Оскар. На крај, се покажа дека одлуката била паметна, затоа што како психијатар на Тони беше брилијантна.

И самата патела од анксиозност и депресија, па искуството од реалните сеанси го пренела на улогата.

Може ќе ви текне дека глумеше и во „Кошаркарски дневник“ каде што ја глумеше мајката на Леонардо Дикаприо, а специфичниот глас ѝ донесе и ангажман во BoJack Horseman, која важи за една од најдобрите анимирани серии.

Била во врска со Харви Кајтел и имаат ќерка - Стела. Во младоста била модел, дури добила понуда и да му позира на Салвадор Дали, но одбила. Ако до сега не бевте фасцинирани - течно зборува арапски, јапонски, италијански, шпански и француски.

И уште: Има основано организација за помош на посвоени деца и помага на животни.

7 октомври 2024 - 00:00