Порано многу бев инволвирана во геј заедницата во моето школо и нонстоп го дискутиравме тоа. Како да кажеш дека си геј, какви грижи имаш, какви анксиозности, проблеми.
Наместо тоа, сега го добиваме хаосот наречен прајд. Наместо да ѝ помагаме на нашата заедница и да продолжиме со традицијата на активизмот, добиваме само изговор да се журкаме и да пикаме гениталии, садо-мазо и други чудни фетиши на деца во лице! Барем вака е на запад. Сè уште имаме сериозни проблеми. Повисоки стапки на зависности од дрога, бездомништво и гојазност. Ама не, ние само сакаме да се начукаме и да одиме во диско. Зборував со колега пред некој ден и тој рече дека само сака Прајд каде што може да ги однесе татко му и децата, за да им покаже дека е во ред.
А немој случајно да се осмелиш да критикуваш. Веднаш добиваш етикета дека си „геј што се мрази себеси“ и дека си недоволно вреден да се нарекуваш геј. Е па, погодете што? Јас сум лезбејка, иако не сум „освестена“. Како борците за социјална правда од Тамблр да се преселија во реалниот свет. Џиновски виножито-знамиња, шатори со дилда и многу, многу голотија. Хетеросексуалците беа во право, досадни сте. И кога луѓето не нè прифаќаат, заради ова е. Заради вакви работи нè мразат. Се претворивме во нешто што не е за славење.
Ич да не почнувам дека ми забранија пристап во најголемата ЛГБТИ група на Редит затоа што реков дека како лезбејка, не сакам мажи. Кловнови едни, кај морам да кажам, па уште и да ме банираат што го кажувам очигледното? Во каква зона на самракот живеам јас?
Порано да бидеш дел од заедницата значеше нешто. Сега е дојдено до „или ќе ги делиш моите политички убедувања, или марш.“ Каде е таа квир заедница што ги примаше сите со раширени раце, без разлика во што веруваат, наместо овој милитантен хаос што го имаме денес? Ако верувате дека некој заслужува да биде третиран како гомно само затоа што има различно мислење, ВИЕ сте нетолерантните и го оддржувате она против кое тврдите дека се борите. „Ама добро, различно е затоа што сме малтретирани,“ ќе рече некој. Не, сељачишта сте, точка. И тоа што се ставате во улога на жртви само за да ја оправдате омразата е одвратно. Оваа заедница е поделена, на разумни што сакаат да се повлечат и да си го живеат животот на раат, и на гласни што упорно ни ја валкаат сликата во јавност. Јас само сакам да бидам личност, која е и лезбејка. Не само лезбејка.
ЛГБТИ заедницата може и подобро.