Лажни бебиња, вистинска љубов

Знаете дека се продаваат реалистични кукли-бебиња што чинат и по 20.000 долари? И луѓе ги купуваат, ги собираат во колекции и си ги држат по дома.

Светот е чудно место. Не само што е чудно место, туку треба и да ти текне дека е таков, па да решиш да произведуваш хиперреалистични новороденчиња, за луѓе да си ги држат кога им треба смирување.

А сепак, сѐ повеќе луѓе се одлучуваат да си набават. Се викаат 'reborns', индивидуално се изработуваат и на некои луѓе им помагаат да се потсетат на времето кога имале новороденче, а некои ги користат за да се справат со сопствената неможност да имаат свое. 

Ги покажуваат со прст, ама тоа не значи дека ова не е веќе на ниво на супкултура и дека не се шири глобално.

Една од жените тврди дека ѝ помага кога ѝ е тешко. Секогаш кога ќе си рече „Е, зошто денес не сум мајка?“ оди и вади едно од нејзините неколку бебиња од колевка да го поддржи.

И функционира. 

Друга вика, ако имате проблем со уметнички дела што можат да се гушкаат, кој ви е крив. Ама сепак, го кажува тоа додека го нишка бебето од пластика. Пред камера.

Ја нема таа доза на перверзија како со реалистични кукли за други потреби, ама се провејува една тага низ целиот прилог.

26 февруари 2020 - 10:42